Мени

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

24.02.2023 08:29 | Сузана Николиќ

 Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле  35-годишен кумановец, кој се сомничи дека вчера наутро влегол во приватен имот на улица „Моша Пијаде“ и одзел повеќе предмети. 

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.