Приведен крадец во Куманово
21.12.2023 10:52
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.20 часот лишиле од слобода 48-годишен кумановец.

Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улица „Никола Вапцаров“ и одзел повеќе предмети. Приведен е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.