Приведен крадец во Куманово, фатен на дело
05.04.2022 09:59
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14.55 часот го лишиле од слобода Л.А.(55) од Липково.

Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се обидел да одземе пари од вработената.
Л.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.