Приведен криминалец баран со потерница, осуден на 15 години затвор
18.03.2022 15:15
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово денеска во 13.30 часот го лишиле од слобода Љ.Ц. (50) од Куманово.

„Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и 6 месеци казна затвор, а бил осуден на 15 години и 4 месеци за сторени повеќе кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казната“, информира МВР.