Приведен кумановец баран по потерница
17.07.2021 08:13
| Сузана Николиќ
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, лишен е од слобода Р.О.(32) од Куманово.

По извршена контрола било констатирано дека се барал по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело по чл.236 став 1 од Кривичниот законик.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.