Мени

Приведен кумановец, дома му нашле кокаин

03.02.2023 13:35 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19.45 часот привеле 28-годишен кумановец, бидејќи го фатиле со дрога.

Приведен кумановец, дома му нашле кокаин

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.