Приведен кумановец, дома му нашле хероин и марихуана
13.09.2022 10:48
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода И.М.(46) од Куманово.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени, хероин, марихуана и две дигитални ваги.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.