Кумановец приведен поради малтретирање на сопругата
12.03.2026 11:29
| KumanovoNews
Кумановец подолг временски период физички и психички ја малтретирал сопругата, по што таа случајот го пријавила во полиција.
„Вчера во 17:30 часот полициски службеници привеле 44-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период физички и психички ја малтретирал својата 46-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
(фото. архива )