Приведен кумановец поради кражба во луна парк
29.06.2022 12:30
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18.45 часот привеле 27 - годишен кумановец, кој се сомничи дека на 01 јуни годинава во луна парк на булеварот „Октомвриска Револуција“ извршил кражба и одзел личен предмет од едно лице.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.