Приведен кумановец кој крадел на бензинска пумпа, одземеното вратено на сопственикот
07.03.2023 11:28
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец. Тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улица „Железничка станица“ Куманово.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.