Приведен кумановец, нападнал полицаец на должност
10.02.2024 11:27
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово утринава го привеле 42 -годишен кумановец, затоа што на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, физички нападнал полициски службеници при извршување на службени дејствија.

Тој е приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.