Приведен кумановец, крадел во објект на јавно претпријатие
11.04.2022 18:06
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 11 часот лишиле од слобода 26-годишен кумановец, затоа што се сомничи дека извршил кражба во објект на јавно претпријатие во село Проевце и во деловен објект на улица „Иво Лола Рибар“, од каде одзел повеќе
предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.