Мени

Приведен кумановец - му нашле кокаин

22.09.2021 17:43 | Сузана Николиќ

Во СВР Куманово бил приведен О.Џ.(27) од Куманово, откако вчера попладне при контрола на граничниот премин Табановце, кај него бил пронајден кокаин.

Приведен кумановец - му нашле кокаин

Исто така, било утврдено дека при пасошка контрола приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. 

По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.