Приведен кумановец, му пронашле марихуана и пиштол
14.03.2024 11:20
| KumanovoNews
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера во 15.20 часот привеле 31-годишен кумановец.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.