Приведен кумановец - одзел пари од вработена во казино
30.03.2021 13:05
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 21.45 часот го лишиле од слобода Ј.М.(36) од Куманово, поради сомнение дека околу 18.50 часот во казино на ул.„Тоде Мендол“ искористил згодна прилика и одзел пари од вработената.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.