Приведен кумановец - оштетил паркирани возила на „Доне Божинов“
11.08.2022 16:11
| Сузана Николиќ
Едно лице е приведено во полицијата, затоа што вчера оштетило две возила на улица во Куманово.

„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Х. (48) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово оштетил паркирани патнички моторни возила, и тоа „форд мондео“, сопственост на С.Е. и „бмв“ сопственост на С.И.. С.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.
(фото.архива)