Приведен кумановец поради кражба на приватен имот
20.03.2024 13:48
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 32-годишен кумановец, кој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов" во Куманово одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.