Приведен кумановец, превезувал мигранти
09.02.2026 13:25
| KumanovoNews
Четириесетгодишен жител на Куманово е приведен, бидејќи превезувал мигранти на автопатот „Пријателство“.
Како што информира МВР, утринава во 4.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот, при вршење на контрола на автопатото од Скопје кон Куманово, запрела патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановецот.
При преглед на возилото биле пронајдени четири лица – мигранти, од кои двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, додека мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
(фото.мвр)