Приведен кумановец - пронајдено е оружје во неговиот дом
18.04.2025 12:16
| KumanovoNews
Кумановската полиција приведе 21-годишен кумановец, затоа што во неговиот дом било пронајдено оружје.

„На 17. април во 06.15 часот, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.