Приведен кумановец, се сомничи дека извршил кражби во станбен и деловен објект
30.05.2022 13:07
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека во станбен објект на улица „Лесковачка“ во Куманово и во деловен објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово извршил кражби при што одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.