Приведен кумановец, украл предмети вредни близу 20.000 евра
26.01.2023 18:23
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово денеска попладне привеле 33-годишен кумановец, затоа што се сомничи дека извршил кражба во магацин на "Октомвриска револуција".

„Ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот "Октомвриска револуција" во Куманово, одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.