Приведен кумановец за издржување на казна затвор
23.07.2021 09:45
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера во 14 часот, го лишиле од слобода Ш.М.(33) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик – „Насилство“.

Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.