Приведен кумановец за издржување на затворска казна од 12 години
13.05.2021 17:58
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, денеска во 13.30 часот по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Р.Р.(44) од Куманово.

Тој се барал за издржување на затворска казна во времетраење од 12 години. Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.