Приведен кумановец за кражба во деловен објект
12.04.2022 10:08
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска го лишиле од слобода Е.Б.(29) од Куманово.

Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во деловен објект на улица „Гоце Делчев“ од каде одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.