Приведен кумановец затоа што го нападнал неговиот татко
16.12.2024 13:34
| KumanovoNews
Полицијата привела кумановец затоа што го нападнал неговиот татко.

„Вчера во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(29) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.