Мени

Приведен осомничен за 4 кражби, предметите вратени на сопствениците

09.12.2022 13:17 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера,  го лишиле од слобода А.Р.(20) од Скопје, со место на живеење во Куманово.

Приведен осомничен за 4 кражби, предметите вратени на сопствениците

Тој се сомничи дека извршил четири кражби, од кои три во куќи и една во деловен објект од каде  одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а А.Р. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.