Приведена кумановка - дома ѝ нашле прашкаста материја
04.05.2021 14:14
| KumanovoNews
Полицијата ја привела С.Ј.(37) од Куманово, откако во нејзиниот дом пронашла прашкаста материја.

Според МВР, претресот е извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.