Приведена кумановка која украла пари и предмети од две куќи
24.10.2023 13:24
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.15 часот ја привеле М.З. (25) од Куманово, поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.

„Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави МВР.