Приведена кумановка која питачела со нејзините деца во Гостивар
19.01.2024 19:59
| KumanovoNews
Полицијата привела 34-годишна кумановка која питачела на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

„Вчера во 12.45 часот на магистрален пат Гостивар – Кичево, кај „Стакларска крстосница“, полициски службеници од СВР Тетово - Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Гостивар ја привеле 34-годишната Ѓ.Б. од Куманово која заедно со нејзините две малолетни деца била затекната при питачење. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.