Приведена кумановка за кражба на пари
04.03.2022 11:32
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа ја уапсиле М.З.(23) од Куманово, под сомение дека извршиле кражба.

„Таа се сомничи дека околу 20.30 часот влегла во куќа на улица „21“ во Куманово и одзела пари. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава“, соопштува МВР.