Мени

Приведени четворица кумановци, украле чанта на повозрасна жена

27.02.2023 16:27 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 3.30 часот лишиле од слобода четворица кумановци, двајца на 20-годишна возраст, и по еден на 19 и 21 години, затоа што нападнале и ограбиле повозрасна кумановка.

Приведени четворица кумановци, украле чанта на повозрасна жена

Тие се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ физички ја нападнале С.Т.(72) од Куманово и ѝ одзеле чанта. 

Осомничените биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.