Приведени двајца крадци од Куманово, одземеното вратено на сопственикот
06.12.2022 14:30
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 24-годишен и 26-годишен кумановец.

„Тие се сомничат дека од домот на Ш.И.(38) од Куманово одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.