Приведени двајца кумановци поради тепачка
30.08.2021 11:25
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, завчера во 3.15 часот, ги лишиле од слобода Е.И. (30) и Р.И. (38), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик.

По претходна меѓусебна расправија тие започнале физичка пресметка во која употребиле остри предмети и си нанеле повреди.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.