Приведени двајца кумановци, се заканувале дека ќе и го убијат синот во затвор ако не им даде пари
25.07.2023 15:34
| Сузана Николиќ
Две лица од Куманово се приведени во полицијата, откако биле пријавени дека вршеле уцена на жена, со цел да добијат пари.

Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајцата мажи, едниот на возраст од 40 -години од село Черкезе и другиот на 34-години од Куманово.
„Тие се сомничат дека уценувале 62-годишна жена од Куманово дека ако не им даде пари, во казнено - поправна установа ќе му го одземат животот на нејзиниот син. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.