Приведени двајца кумановци за кражба од објект во изградба
14.04.2022 13:20
| Жаклина Цветковска
Двајца кумановци , денеска, се приведени при обид на кражба на предмети од објект кој бил во изградба.

Полициски службеници од СВР Куманово, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, ги лишиле од слобода Е.П.(40) и Т.Т.(40) од Куманово. Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од објект во изградба.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.