Приведени двајца разбојници во Куманово
03.11.2023 14:34
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајца разбојници од Куманово.

Во текот на вчерашниот ден, тие ги лишиле од слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), кои се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале кумановецот Д.П.(29) и му го одзеле мобилниот телефон.
Осомничените биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.