Приведени двaјца кумановци поради напад на полицајци
25.03.2024 11:08
| KumanovoNews
Две лица викендов биле приведени во Кумановската полиција, затоа што нападнале полицајци додека извршувале службени дејствија.

„Во саботата, во 01.20 часот на улица „Ѓорче Петров" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, лишиле од слобода 43-годишен и 22-годишен кумановец, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија“ соопштуваат од полицијата.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.