Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција приведе двајца кумановци, кои во 22 часот демонтирале мотори од напуштен објект.
„Тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во с.Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори. Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.