Приведени криумчари од кумановско, пронајдени мигранти од Куба
31.10.2022 14:52
| KumanovoNews
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, денеска во 11.40 часот во с. Сопот, ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот.

При преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно - транзитен центар.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.