Приведени напаѓачите на двајца кумановци во Струга
24.06.2021 20:25
| KumanovoNews
Полициски службеници од ОВР Струга, на 23.06.2021 г., ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х .(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.

По преземени мерки било констатирано дека околу 18.40 часот, на бензинска станица на магистралниот пат А-2, тие биле нападнати со тврди предмети од неколку лица.
Стружаните Р.Р. и А.Р. се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.