×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени седум дилери, запленето оружје, лабoраторија за дрога, хероин и марихуана

    08.10.2020 09:19 | KumanovoNews

    Oсум парчиња оружје, лабораторија за дрога, хероин и марихуана, запленила вчера полицијата во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје. Притоа се приведени 7 лица од Кратово, Велес и Струмица.

    Приведени седум дилери, запленето оружје, лабoраторија за дрога, хероин и марихуана

    Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, со судска наредба, извршиле претрес во домовите и помошните простории во с. Којково- кратовско и во с.Злетово и ги привеле Д.М.(25), З.М.(44), М.М., и Љ.М..

    При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабораторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабораторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

    Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј.(26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.

    Во акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б.(44), дилер на хероин од Велес. Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес и М.О. (34) од с.Бузалково.

    Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и оружје и другите видови криминал.