Приведено лице од Куманово по распишана централна потерница
19.11.2020 11:15
| KumanovoNews
Полициските службеници од СВР Куманово синоќа во 22 часот го привеле И.В.(47) од Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово.

И.В. треба да доиздржи казна затвор од 1 година, 4 месеци и 7 дена, од вкупната затворска казна во траење од 9 години и 5 месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по чл.237, ст.4 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Лицето е спроведено во Казнено- поправна установа во Куманово.