Приведено лице за доиздржување на затворска казна
25.03.2021 09:57
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20.30 часот, го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна.

Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор - Куманово.