×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Привршува изградбата на спортската сала во техничкото училиште во Куманово

    18.05.2020 11:33 | KumanovoNews

    Интензивно се работи на изградба на спортската сала при ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово, за која се очекува да биде пуштена во употреба при почетокот на новата школска година.

    Привршува изградбата на спортската сала во техничкото училиште во Куманово

    Со изградбата на спортската сала, средното стручно училиште ќе добие соодветен спортски комплекс, бидејќи до училиштето се наоѓа и атлетската патека, како и спортскиот терен за ракомет.

    „Очекуваме спортската сала да биде завршена до 1 септември, а во тоа секако спаѓа и нејзиното внатрешно уредување, oдносно опремување со сите потребни спортски реквизити. Физичкото и здравственото образование ќе се оддржува онака како што доликува, по план и програма. Овој придружен објект до нашето училиште е неминовен и за училиштето како институција, а и за изведување на наставата и за физичкото здравје на учениците“, додава Драган Јаневски, директорот на ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

    Изградбата на спортската сала  ја финасира Владата, преку Министерството за образование и наука со поддршка на Општина Куманово.

    Во ова средно училиште учат околу 2000 ученици кои следат настава на македонски и албански јазик.