Прочистувачи на воздух ќе се постават во градинките и училиштата
Општина Куманово доби 27 прочистувачи на воздух, за потребите на образовните институции.

Во ходниците на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, на местата каде што е најголема фрекфенцијата на учениците и професорите, поставени се шест прочистувачи на воздух. Прочистувачите се добиени преку проект на Владата, а ќе бидат поставени и по 8 во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и градинката „Ангел Шајче“ и 5 во Средното општинско училиште „Перо Наков“.
„Ова е вистинскиот момент, кога ги добиваме овие прочистувачи и се надеваме дека условите сега ќе бидат идеални за работа на учениците. Се ближиме кон крајот на ова полугодие, апел до родителите да не се грижат за здравствената состојба на учениците“,- вели директорката Марија Тодоровска.
Од Општината велат дека ова е само уште една од мерките кои ги преземаат за справувањето со проблемот на аерозагадувањето и дека активно работат за да го решат истиот проблем.