×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи

    23.01.2024 12:55 | Оливера Пешевска

    Владата го продолжи рокот за ограничување на цените на одредени прехрамбени производи до 29 февруари.

    Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи

    Со тоа оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и други млечни проиводи остануваат со загарантирана цена.

    На предлог на Министерството за економија, досегашните цени важат и за минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

    „Највисоките цени на овие производи/стоки се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), коишто се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, односно цените на овие производи се намалуваат за најмалку 10%. Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите/стоките што се предмет на оваа одлука и коишто се поставени на полиците, фрижидерите и во разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, што е објавен на веб-страницата на Министерството за економија", соопштија во септември од Владата.

    Во последните 4 месеци за најмалку 10 отсто се намалени цените на оризот, брашното пченично тип 400 и тип 500, белиот и полубелиот леб, векна, индустриски тип 450 грама, со исклучок на свежо печен леб во маркетите, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини. Се намалија цените на јунешко, свинско и пилешко месо, на колбас, пилешка посебна салама и на паштета. Пониски цени оттогаш имаат млечните производи- трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 литар, јогурт, кисело кравјо млеко, павлака, традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење, традиционален кравји и мешан кашкавал, јајца, овошје и зеленчук.

    Ваквата мерка Владата за прв пат ја воведе во втората половина на септември и првично таа беше предвидена да важи до крајот на ноември. Веќе во два наврати се донесува одлука за продолжување на мерката, како еден од начините за заштита на животниот стандард на граѓаните и зауздување на инфлацијата.