×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува реконструкцијата на железничкиот мост во „Перо Чичо“, се воведува времен режим на сообраќајот

    16.03.2020 08:41 | KumanovoNews

    Од денеска продолжуваат градежните работи за реконструкција и рехабилитација на железничките премини на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како дел од проектот за рехабилитација на Железничкиот Коридор 8, соопштуваат од фирмата Х.Ф.Вибе. 

    Продолжува реконструкцијата на железничкиот мост во „Перо Чичо“, се воведува времен режим на сообраќајот

    Во конкретниот случај, станува збор за еден дел од пообемен градежен зафат за изградба на вториот столб од новиот патен надвозник на ул. „Ѓорче Петров“, со кој ќе се обезбеди безбедно поврзување на населбата со центарот на градот.

     - Активностите за изградба на новиот надвозник ќе се одвиваат на едниот коловоз на ул. Ѓорче Петров, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура. Преминот преку железничката линија ќе биде во целост блокиран со цел да се имплементираат безбедносни мерки за заштита на градилиштето и локалното население согласно Законот за градба. Оформувањето на градилиштето и неговото оградување е договорено во соработка со сите засегнатите страни, - соопштуваат од компанијата.

    Во текот на извршување на овие активности, сообраќајот на ул. Ѓорче Петров  и понатаму ќе се одвива под посебен времен режим, согласно Решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од Општина Куманово односно ќе започне имплементација на втората фаза на времениот режим.

    Од Х.Ф.Вибе апелираат до локалното население да ја користи градската инфраструктурна мрежа и да придонесе за одржување на чистотата на локацијата.

    Рокот на изведба на работите ќе зависи во најголем степен од успешната реализацијата на фазите на активности од сите вклучени компании.