Продолжуваат измамите со огревно дрво, овојпат жртва 64-годишна жена
27.01.2024 14:25
| KumanovoNews
Шеесет и четиригодишна жена од Куманово вчера околу пладне пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари.

Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле таа му ги дала парите, по што заминал и не се вратил, по што сфатила дека е измамена.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Кумановската полиција.