Продолжуваат измамите со огревно дрво, овојпат жртва 74-годишен кумановец
05.01.2024 16:16
| Сузана Николиќ
Во Кумановската полиција денеска во 13 часот, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и откако се договориле му побарало пари за да го наполни камионот
со гориво и дека ќе ги донесе, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.