Продолжуваат измамите со огревно дрво, две сосетки останале без 8.000 денари
29.10.2023 21:31
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција, 63-годишна жена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице.

Според пријавеното, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари.
Лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.